In order to view this page you need Flash Player 9+ support!
Сите заинтересирани за состојбите во МССФ и спортското стрелаштво кои трпеливо ќе го прочитаат овој опширен текст, а посебно младата генерација спортисти, ќе бидат запознаени на кој начин пред околу 13 години една неодговорна генерација направи финансиски долг, кој денес, и во иднина, оваа и идните генерации на МССФ треба да го отплаќаат.
Поради наплата на овој долг, жиро-сметката на МССФ е блокирана од 30 јануари 2012 година и во целост е оневозможена неговата работа
Со цел решавање на настанатата ситуација, во изминативе три месеци, раководството на МССФ во повеќе наврати се обиде да постигне договор со претставниците на Општинскиот Стрелачки Сојуз - Охрид, во врска со начинот на исплата на овој долг, но за жал сите обиди завршија без успех. Најтешките последици од настанатиот проблем ги трпат првенствено врвните спортисти, а доведено е во прашање и опстојувањето на МССФ како национална спортска институција за стрелаштво која постои веќе 63 години. На 1 мај 2012 година МССФ до Општинскиот Стрелачки Сојуз - Охрид по електронска пошта достави предлог - спогодба за начинот на отплата на долгот, по која Општинскиот Стрелачки Сојуз Охрид требаше да се изјасни. Оваа предлог-спогодба во целост е презентирана на крајот на овој текст.
Историјатот на настанување на овој долг започнува во далечната 1999 година (пред околу 13 г.) кога во Охрид се одржа Балканското првенство во стрелаштво, познато и под популарното име „Балканијада“. На 26.01.1999 година Општинскиот стрелачки сојуз - Охрид за потребите на техничка организација на Балканското првенство го склучи договорот бр.16/99 од 26.01.1999 г. со туристичката агенција „Путник Охрид“ за окулу 800 хотелски пансиони за потребите на манифестацијата (околу 200 луѓе - за секој од нив по 4 дена пансиони и разни други услуги: превоз, фолклорно друштво, разгледување на Охрид и сл). Цената на еден пансион изнесуваше 35 германски марки.
Целосниот предлогот за постигнување на спогодба за начин на отплата на долгот може да го симнете овде
Во организација на МССФ во тек се тренинзите за подобрување на психофизичката кондиција на спортските стрелци. Тренинзите се достапни за сите спортски стрелци кои се имаат пријавено за учество, а се изведуваат три пати неделно во Градскиот парк и базенот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Со тренинзите раководи Дамјан Богдановски, тренер по спортско стрелаштво од клубот Грифон. Програмата за тренинг, во поглед на видот на вежби и интензитетот, е прилагодена на секој стрелец посебно, според претходно извршените тестирања на кондицијата и здравствената состојба. Кондиционите тренинзи ќе траат најмалку во следните два месеци, со можност да продолжат во текот на целата година и да станат редовен дел од тренажниот процес во спортско стрелаштво. Стрелците кои учествуваат во програмата велат дека и покрај тоа што во моментов зад себе имаат само неколку сеанси на кондициониот тренинг, веќе чуствуваат подобрување и во својот секојдневен живот и во резултатите на стрелиште. Тренерот Богдановски вели дека е задоволен од ентузијастичкиот пристап на спортските стрелци, нивната сериозност во работата и ја истакнува позитивната атмосфера за време на тренингот. Она што особено му е драго е дека гледа позитивни промени во комуникацијата помеѓу стрелците, во кои тие отворено ги разменуваат своите искуства и доживувања од тренинзите, се консултираат околу вежбите, си помагаат еден на друг, ги истакнуваат еднакво и своите предности и своите недостатоци – едноставно стануваат поотворени и поблиски кон себе и кон своите колеги и поприврзани кон активностите што ги спојуваат. Групата стрелци секој ден се повеќе заличува на тим, а добрите стрелци постепено прераснуваат во добри спортисти.
Фотографии од тековните кондициони тренинзи на спортските стрелци може да погледнете овде
Во изминатиот период во организација на МССФ со цел утврдување на спортската форма и подготвеноста на спортистите, беа организирани и спроведени два контролни натпревари кои се одржаа на воздушното стрелиште во Кисела Вода во Скопје на 24 Март 2012г. и 21 Април 2012 г.
На контролниот натпревар кој беше одржан на 24 Март 2012 натпреварувачите ги постигнаа следните резултати:
|
|
Натпреварувач |
Клуб |
Дисципл. |
Резултат
|
|
1. |
Сашо Несторов |
Работнички |
ARM 60 |
557 |
|
2. |
Надица Апостоловска |
Кавадарци |
ARW 40 |
393 |
|
3. |
Светлана Трпковска |
Стрелец |
ARW 40 |
374 |
|
4. |
Елена Апостоловска |
Кавадарци |
ARW 40 |
379 |
|
5. |
Дијана Петрова |
Стрелец |
APW 40 |
364 |
|
6. |
Симона Ангелеска |
- |
ARW 40 |
342 |
|
7. |
Лидија Крстеска |
Работнички |
APW 40 |
362 |
|
8. |
Марина Миланоска |
Работнички |
APW 40 |
320 |
|
9. |
Јордан Тасевски |
Стрелец |
APM 60 |
554 |
|
10. |
Ванчо Каранфилов |
Работнички |
APM 60 |
552 |
На контролниот натпревар кој беше одржан на 21 Април 2012 г. натпреварувачите ги постигнаа следните резултати:
|
|
Натпреварувач |
Клуб |
Дисципл. |
Резултат
|
|
1. |
Михаил Шишковски |
Охрид |
ARM 60 |
565 |
|
2. |
Никола Илиев |
Кавадарци |
ARM 60 |
556 |
|
3. |
Ѓорѓија Петковски |
Стрелец |
ARM 60 |
515 |
|
4. |
Надица Апостоловска |
Кавадарци |
ARW 40 |
392 |
|
5. |
Светлана Трпковска |
Стрелец |
ARW 40 |
377 |
|
6. |
Елена Апостоловска |
Кавадарци |
ARW 40 |
372 |
|
7. |
Дијана Петрова |
Стрелец |
APW 40 |
375 |
|
8. |
Нина Балабан |
Охрид |
ARW 40 |
382 |
|
9. |
Верица Гоџоска |
Охрид |
ARW 40 |
371 |
|
10. |
Натка Л. Симоска |
Работнички |
APW 40 |
354 |
|
11. |
Вероника Велковска |
Стрелец |
APW 40 |
342 |
|
12. |
Лидија Крстеска |
Работнички |
APW 40 |
354 |
|
13. |
Марина Миланоска |
Работнички |
APW 40 |
351 |
|
14. |
Јордан Тасевски |
Стрелец |
APM 60 |
560 |
За започнување на тренинзи за унапредување
на психофизичката кондиција на стрелците
Ги известувам сите спортски стрелци дека од 23 април 2012 година, во организација на МССФ, а по иницијатива на Селекторот на МССФ, во Скопје ќе започнат тренинзи за унапредување на психофизичката кондиција на стрелците. Тренинзите ќе се одвиваат три пати неделно во наредните два месеци, како надополнување на тренинзите во стрелаштво кои стрелците веќе ги имаат во своите клубови. Тренинзите ќе ги водат квалификувани тренери и ќе се одвиваат според следниот распоред кој може да го симнете овде
Страница 1 од 11